“Утринава во моето обраќање на TAIEX работилницата за Дигитални општини – транспарентен и ефикасен јавен сервис, организирана од Скопскиот плански регион и поддржана од Европската унија, со директорот Јане Мицевски ја истакнавме итната потреба Македонија да ги прифати дигиталните иновации за подобрување на јавните услуги и управувањето.
„Процесот на дигитализација ќе биде и лек за корупцијата. Од ситна корупција кај обичен административен службеник кој би требало да заврши некоја едноставна процедура, до крупна корупција кај инспектор за да не казни очигледно кршење на законите. Резултатот – загадување на животната средина, бесправно градење, спорни јавни набавки, крадење на државните пари, расходување на државните ресурси.“
Затоа, носителите на одлуките и граѓаните треба да ја препознаат важноста на дигиталната трансформација и да работат заедно кон иднината каде што технологијата ќе им служи на потребите на сите граѓани, ќе се објективизираат процесите за да се избориме против корупцијата и ќе привлечеме нови компании.
„Целосна автоматизација на процесите до степен до кој постапката тоа го дозволува, со цел намалување на човечкото влијание од субјективно носење одлуки во работните процеси. Тоа е нашата цел и за тоа треба да дефинираме јасен и општоприфатен патоказ.”
-соопштение упатено во јавноста од страна на дополнителниот заменик министер за администрација и информатичко општество Стефан Андоновски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали управител на ЕСМ Туризам истовремено извршува функција на синдикален лидер?
Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!
Собранието носи Национална развојна стратегија која ќе биде патоказ за сите наредни влади