Дополнителниот заменик министер во МВР именуван по предлог на СДСМ преку социјалните мрежи се пофали дека ги пречекал на граничниот премин кон Грција новите обрасци за пасоши со Северна за Македонските граѓани.
„МВР за граѓаните” на дело – пристигнаа 140.000 обрасци на ГП Богородица
Вечерва, (22.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши, демонстрирајќи го концептот „МВР за Граѓаните” на дело.
Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.
„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев.
Во оваа прилика, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
-информираше дополнителниот заменик министер за внатрешни работи од СДСМ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија