Преку социјалните мрежи еден од комичарите на шоуто К-15 кое што во минатото ја одбележа тешката транзиција на Македонскиот народ преку нудење на смеа и разонода во тешките транзициски години, Васко Тодоров (ака Тошо Малерот) ја афирмираше наградата која што Стево Пендаровски како Претседател им ја дал на него и брендот К-15.
Во екот на распишаните Претседателски избори со добро познатата смисла за хумор Васко Тодоров го афирмира Стево Пендаровски во јавноста во функција на негова промоција за повторен избор за претседател на државата.
„’К-15’ е најоригиналниот концепт и најгледаната емисија во телевизиската историја на Македонија, тоа е факт. А, Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за ’К-15’, и тоа исто е факт“,
-вели Васко Тодоров во видеото пренесено преку социјалните мрежи од страна на фејсбук страница која го промовира Стево Пендаровски за претседател на која стои испишано
“#ЧовекЗаСитеНас #Стево #ОдимеНаНоваПобеда #СтевоПендаровски #ВторМандат”
-во прилог на видеото со Васко Тодоров.
Ваквите ПР финти се добро познати за членовите на К-15 кои што со своето појавување во функција на афирмација на поединци од СДСМ се обидуваат да влијаат на народот во Македонија во нивниот политички избор.
За потсетување Македонската јавност беше сведок на активизмот на Бубо Каров (ака Цацко ) исто така од К-15 во 2017 година кога СДСМ предводена од Зоран Заев се бореше да дојде на власт во државата.
Со оглед дека Бубо Каров подоцна со доаѓање на власт на СДСМ во 2018 година доби владин ангажаман платен со народни пари, се поставува сега прашањето дали доколку Стево Пендаровски успее да обезбеди втор мандат и Васко Тодоров ќе биде на платен список на државата во иднина?
Застапувањето и афирмацијата на политичари е апсолутно право на секој граѓанин на Македонија, но граѓаните кои што мака мачат со се поголемата сиромаштија во актуелното секојдневие со актуелната власт на СДСМ и ДУИ имаат право да препознаат што е политичка пропаганда, кој ја плаќа истата и дали таа законски се практикува?
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија