На 07.02.1944 година, кај селото Биљача, во борба против бугарските фашисти загинува командантот Христијан Тодоровски – Карпош, народен херој на Македонија.
Роден е во Куманово на 3 септември 1921 година.
Поради неговиот револуционерен дух, бил истеран од средното училиште и не му било допуштено да се запише во ниедно друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.
Откако Бугарија ја окупирала Македонија, Карпош веднаш стапува во партизанските редови за борба против бугарските фашисти.
Карпош е еден од првите борци во Куманово, бил член на Првиот Кумановски Одред од 11 октомври 1941, а потоа и член на партизанскиот штаб во Куманово.
Во 1941 учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.
На 26 јуни 1943 Карпош станува командант на Кумановскиот партизански одред, кoj пoстeпeнo нараснувал и на 1 декември 1943 бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.
Карпош со македонските партизани војувал и против четниците на Дража Михајловиќ, позната е битката против нив кај селото Пелинце, Кумановско.
На 7 Фебруари 1944, во судир со бугарските фашисти кои биле стационирани во воено-полициско упориште во селото Биљача, Прешевско, ќе загине големиот македонски револуционер Христијан Тодоровски Карпош.
ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СИН!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пијанец- Малеш имаат со што да се гордеат: Богатството со квалитетна модра слива е силен предуслов за одржлив рурален развој на регионот
Црква “Св.Архангел Михаил” од село Драмче била најшарена црква во своето време
Бошко Смаќоски: Толкување на болката