БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки за случајот “Онкологија”: …треба да скапете во затвор од прв до последен

Пренеси го гласот

Се сеќавате ли кога Шеќеринска, Шилегов и другите шарени револуционери од позиција на неколкугодишна власт, си правеа протести во сред Скопје против загадувањето? Наместо да преземат мерки како Влада, тие шетаа со маски и се сликаа…

Е оваа изјава на заменикот за здравство, како и сите следни изјави на лицата од власта ќе одат по тој принцип.

*Заменик министерке, не ни објаснувајте што е.

Многу добро сите ја разбираме вашата криминална матрица и начинот на кој функционирате од момент на доаѓање на власт. А и претходно, односно начинот како дојдовте на власт.

Да давате физиолошки раствори наместо лекови на болните, а лековите да ги препродавате на Косово, значи дека треба да скапете во затвор од прв до последен.

Без право на помилување.

За тоа ли ве бираа граѓаните, свесно да ги убивате и сега со изјави да се амнестирате од одговорност?

Министрите и замениците министри 7 години не знаеле што им се случува во ресорот па сега ќе глумат изненадени?

Каде е механизмот за контрола што секој министер морал да го воспостави?

Колку свесни убиства се направени и уште на колку места има вакви и слични случаи?

И да дадете оставки, малку е …

-фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки

Креирано од:


Пренеси го гласот