БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов случај на дискриминација во делчевско училиште. Дали надлежните ќе сносат одговорност?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делчевската јавност ја тресе нов случај на дискриминација врз просветен работник од страна на актуелните власти!

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на Република Македонија утврдила дека делчевското училиште ООУ “Св. Климент Охридски” извршило дискриминација врз вработена наставничка по англиски јазик врз основа на здравствена состојба во областа на работата и работните односи.

Согласно наодите на Комисијата за спречување и заштита на дискриминација оштетената наставничка не добила респределување на соодветно работно место согласно нејзината здравствена состојба но и добила нееднаков третман споредбено со друга наставничка вработена во училиштето.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Врз основа на своите наоди меѓу другото Комисијата му препорачува на Директорот на ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево да донесе Решение за распоредување на оштетената вработена во училиштето на друго работно место соодветно на нејзиното образование и способност, кое не поврзано со тежок физички напор, дигање на тешки предмети, долго стоење и патување, заради спречување од настанување на инвалидност, најдоцна во рок од 30 дена од приемот на ова мислење и за истото писмено да ја извести комисијата.

Доколку училиштето претставувано од директорот не постапи согласно препораката, Комисијата ќе поднесе барање за прекршочна постапка пред надлежен суд.

Целото МИСЛЕЊЕ НА Комисијата за спрчување и заштита од дискриминација е достапно на нивната интернет страница тука.

Ова е втор случај на дискриминација во делчевско училиште за само неколку месеци. Пред неполни три месеци во месец јуни оваа година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе свое МИСЛЕЊЕ со кое се утврди продолжена директна дискриминација од страна на СОУ “М.М.Брицо” Делчево застапувано од директорката која била сторена врз вработено лице-Професор по психологија во делчевската гиманзија.

Комисијата утврдила дека гимназијата во Делчево претставувана од директорката извршило тежок облик на дискриминација врз долгогодишна професорка по психологија со што ги нарушиле нејзините работнички права.

Овој тежок случај на дискриминација во делчевската гимназија претходно очигледно не бил доволна порака за надлежните лица за образованието во Делчево да обрнат поголемо внимание во однос на заштита на вработените од идни појави на случаи на дискриминација.

Од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет во Делчево упатија отворено прашање во јавноста дали станува збор за реваншизам на високи партиски функционери на СДСМ во Делчево. Притоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево јавно го запрашаа градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски дали ќе превземе нешто за расветлување на случајот?

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace