БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски- храбро и одлучно: Ја засилуваме борбата против корупцијата во полициските редови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ја засилуваме борбата против корупцијата во полициските редови со примена на одлучни мерки против полициско постапување кое е во спротивност со законите.

Во овој контекст, Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против полициски службеник од ПО за БПС Пробиштип при СВР Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Пријавениот на ден 19.02.2024 година во својство на полициски службеник при вршење сообраќајна контрола на наплатна рампа „Кадрифаково“ со намера за себе да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 50 евра, за да не изврши дејствие кое бил должен да го изврши, односно да не изрече прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување дисциплинска постапка и негово отстранување од работното место, до завршување на постапката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-фејсбук реакција на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот