БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сања Божиновска: Стратешките инвестиции на СДСМ и ДУИ кои добиваат земјиште за 0,1 евро на период од 25 до 30 години се уште ги нема

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На трибината насловена „Концепт за инвестиции во енергетиката“ која што ВМРО-ДПМНЕ ја реализираше во текот на вчерашниот ден во Битола еден од учесниците беше и Сања Божиновска која што е член на Извршниот Комитет на партијата и еден од долгогодишните познавачи со големо искуство на полето на енергетиката.

„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има дека ќе биде формирано министерство за енергетика кое ќе вработи стручни кадри и кои ќе се занимаваат сериозно, ќе направат стратегија и ревидирање на се што е досега направено и да почнеме да се стремиме кон тоа Македонија веќе да не биде увозник на електрична енергија, за почеток сами да си ги задоволиме потребите за електрична енергија“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска на денешната трибина Енергетска платформа за иднина во Битола на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.

Таа продолжи и додаде дека на Македонија потребно и базна енергија и треба да се балансира системот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Енергетика е нешто што се планира, не е нешто што од денес за утре ниту за неколку месеци, туку тоа е потребно долгорочно да се планира, што значи дека треба да се направи стратегија. Од тука тој збор стратегија е добро искористен од владата претходна само на хартија, во јануари 2020-та година беше донесе закон за стратешки инвестиции. За мало населено место треба да е 50 милиони евра инвестиција, за голем град над 100 милиони евра инвестиција и треба да донесе многу бенефиции за животот на граѓаните да се зголеми извозот и економски бенефити“, кажа Божиновска.

Таа истакна дека згора на се за грчката централа, Македонија од свои пари, значи од граѓаните треба да и даде неповратни 50 милиони евра, тоа не е заем туку и дава 50 милиони евра што значи дека сите се овие странски компании имаат неверојатни бенефиции.

„Досега има 11 такви стратешки инвестиции донесени и еве ние веќе сме 2 месеци пред избори, но ниедна стратешка инвестиција не е донесена, зошто? Секој ден последните 2 недели слушаме за последните 4 стратешки инвестиции како тие се добри за Македонија, како ќе имаме почист воздух во Скопје и останато, меѓутоа што е важно? Сите овие инвестиции добиваат невидени бенефиции, прво земјиштето го добиваат за 0,1 евро и го добиваат на 25 до 30 години“,

-рече Сања Божиновска во своето обраќање пред присутните битолчани, како и за јавноста која ја следеше трибината преку социјалните мрежи.

Таа ги во продолжение ги изнесе штетните последици имплементирани со лошите политики на актуелната власта на СДСМ и ДУИ во контекст на договорите со овие стратешки инвеститори кои што се на штета на Македонските граѓани.

Целата трибина на која освен Сања Божиновска зборуваа и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што по професија е исто така еден од добрите познавачи на состојбите на полето на енергетиката како и други учесници погледнете го во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace