Се сретнале Достоевски и Толстоевски и веднаш почнале да се расправаат кој од нив постои на автентичен начин. Достоевски сметал дека Толстоевски е никој и ништо и дека, згора на сѐ, не е никаков писател. Истото го мислел Толстоевски за Достоевски. Минувале денови, со деновите седмици, со седмиците месеци, со месеците години, а тие и понатаму расправале кој е кој, односно чиј идентитет е вистински. Во меѓувреме, се појавил (не се знае од каде) Лав Толстој и веднаш му се приклучил на Достоевски, тврдејќи дека Толстоевски е најобична битанга од имитација. Дури не е ни тоа, сметал Толстој, туку тврдел дека Толстоевски е обичен крадец, кој своето име, како и целиот свој идентитет, го изградил врз лукавата комбинација од неговото презиме (Толстој) и презимето на неговиот литературен пријател, Достоевски. На крајот се покажало, но не и докажало, дека Толстоевски е навистина само призрак. П.С. Дали ќе следи продолжение, не се знае.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи