Текот на денешниот прв ден од кампањата за претседателските избори професорката Билјана Ванковска го започна со промотивен видео запис објавен во јавноста. Во промотивното видео Ванковска упатува свои политички пораки кои што се основа на нејзината програма која во наредниот период ќе биде презентирана пред јавноста.
” Јас сум Билјана Ванковска. Професор сум и раководител на Центарот за глобални промени. Научник веќе 40 години. Член на партија не сум била ниту носител на политичка функција. Но ме познавате поради активизмот и гласноста особено кога мнозина молчеле. Цената на нашето неучество во политиката е да бидеме управувани од луѓе полоши од нас, велеше мудриот Платон.
Видете кој не претставува повеќе од 30 години. А цената што ја плативме е превисока. Врeме е да свртиме нов лист, со нови луѓе. Време е да им кажеме НЕ!.”
-вели во нејзиниот промотивен видео клип професорката Билјана Ванковска.
Целиот видео запис може да го погледнете во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На свечена церемонија во Дубаи, на министерот Тошковски му беше врачена светската награда за проектот „Безбеден град“
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари