Пратеникот Љупчо Пренџов преку социјалните мрежи го крена својот глас наспроти обидите на Стево Пендаровски да ја потцени Професорката Гордана Силјановска Давкова во неговиот најдобро познат стил на зборување во форма на озборување пред свои поддржувачи на неговите собири во ограничен број на луѓе.
– Стево изгуби тло под нозе. Нервозен е, очаен. Веќе не знае што зборува. Ова е излив на мизогинија. Ги потценува жените, ја навредува професорката Силјановска. Не може да го поднесе фактот дека нема поддршка кај народот. Едноставно, граѓаните едвај чекаат да дојде 24 април и 8ми мај и да го пратат на буништето на историјата заедно со неговите од СДС и нивните газди од ДУИ.
– Силјановска е интелектуален џин за Стево Пендаровски. Тој тоа многу добро го знае и истото го искуси неколку пати на неколкуте дебати во 2019 година. Ова сега, е лечење фрустрации и комплекси. Силјановска е следниот претседател на Македонија и сите ќе се гордееме со изборот. Стево пак, ќе остане запаметен како најбезличниот претседател кој Македонија некогаш го имала.”
-напиша Љупчо Пренџов во својата реакција преку социјалните мреи на вербалниот напад на Стево Пендаровски упатен кон Професорката Давкова.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните