Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово денеска поднесе Иницијатива за донесување на Предлог Одлука со која ќе се ослободат од данок на имот и комунални трошоци припадниците на безбедносните сили на РМ и членовите на нивните семејства кои учествувале во одбраната на РМ.

Во продолжение го пренесуваме целото соопштение:
Почитувани,
Ве известуваме дека на 15-тата седница на Советот на Општина Берово, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Берово поднесе ИНИЦИЈАТИВА за донесување на Предлог Одлука со која ќе се ослободат од данок на имот и комунални трошоци припадниците на безбедносните сили на РМ и членовите на нивните семејства кои учествувале во одбраната на РМ.
Тоа се граѓани на Општина Берово кои ја заслужуваат нашата најдлабока почит и тоа е најмалку што можеме да направиме за нив.
Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Берово

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година