БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отворена изложбата „Инфинити“ со ликовни дела од жени уметници од Кочани, Виница и Зрновци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Центарот за култура „Бели мугри“ е отворена изложбата „Инфинити“, со ликовни дела од од жени уметници. Во Салонот фоаје 2 се претставени триесетина ликовни дела изработени во различни техники: масло на платно, акрил, колаж, комбинирана техника, плакат.

Авторки се шеснаесет уметници од Кочани, Виница и Зрновци: Маја Анастасова Христова, Александра Димитрова, Марија Мицова Гацова, Оливера Атанасова, Васка Сандева, Катерина Деспот, Марија Петрова Фафа, Благица Стојановска, Катица Алексова, Нада Ѕмбова Донева, Драгана Јовевска Канго, Катерина Соколова, Љупка Коцева, Елизабета Зафирова Стојанова, Маријана Иванова и Слаџана Гаврилова.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој го  изрази задоволството од одличниот одзив на уметниците, посебно што во изложбата се влучија ликовни творци кои извесно време живеат и работат надвор од Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот го организира Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри“, согласно општинскиот Локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 г.

Изложбата ќе биде поставена до 10 мај 2024 г.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace