Во изјава за јавноста кандидатот за пратеник и носител на листата во третата изборна единица Драган Ковачки од Велес ги најави проектите кои што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период после 8 мај ќе ги реализира за велешани.
„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес.
Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“,
– најави Ковачки од кејот на реката Вардар во Велес.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!