Од страна на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет на Македонска Каменица на својата фејсбук страница објавија повеќе информации со кои ги алармираат граѓаните за лицем,ерното постапување на Градоначалничката на оваа рударска општина од Брегалничкиот регион.
Од партијата на градоначалничката Стаменкова лани на Фејсбук се жалеа дека општинските трошоци за репрезентација рушеле рекорди во Источна Македонија и дека месечно се трошеле по 1 000 евра за оваа намена. Оваа година градоначалничката Стаменкова потпишала договори за набавка на угостителски услуги во вкупна вредност од 520 000 денари без ДДВ или приближно 8 400 евра, а овие договори се кријат од јавноста и не се објавуваат на веб сајтот на општината. Бараме од градоначалничката Стаменкова да даде отчет за секој денар кој го има потрошено од буџетската каса на име трошоци за репрезентација во периодот од Август до Ноември 2018 година и да даде објаснување зошто договорите за угостителски услуги ги нема објавено на општинскиот веб сајт.
-напишаа од опозиционата партија во Македонска Каменица, при што ваквите нивни тврдења ги поткрепија со повеќе јавни документи и изјави од предизборниот периот во минатата година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис