БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Илинден со изложба на Новица Трајковски, за афирмација на неговото дело

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во галеријата на „Домот на култура „Илинден“ во присуство на поголем број вљубеници во уметноста отворена е изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, кој искрено му се заблагодари на Трајковски кој живее и работи во Општина Илинден, за неговиот голем придонес во развојот на културата и културните вредности.

На изложбата се претставени 40-на портрети што во еден подолг временски период Новица Трајковски им ги направил на своите пријатели. Како што истакна Трајковски во обраќањето пред присутните, ова е прва негова изложба на портрети по 30 години.

????????????????????????????????????

За впечатокот од овој настан да биде посилен многу придонесе присуството на самото отворање на изложбата на повеќемина од портретираните познати јавни личности од  нашата земја, како Раде Силјан, Ефтим Клетников, Летиф Јанчигвин – Ли, Јаков Дренковски, Климе Коробар, Павле Кузмановски, Виолета Ачкоска…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изложбата ќе биде отворена до крајот на јануари идната година.


Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace