Комедијата „Леле, Перо” подготвена од учениците во СОУ „Кочо Рацин” и студентите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ќе биде премиерно изведена на 25.12 во 19:00 часот, во просториите на универзитетот. Изведбата на претставата е како дел од програмата на Новогодишен фестивал и базар во Св. Николе.
Дојдете заедно да ги проследиме згодите и незгодите на шефот Перо и неговите сегашни, поранешни и идни жени. Дејствието се одвива пред Нова Година во канцелариите на една мала фирма, каде главниот збор го има чистачката, а останатите службеници „чекаат да дојде шефот за да започнат да работат“.
-стои во објавата за заинтересираните граѓани.
Влезот за претставата е бесплатен.
Ова е трета година по ред како се организира овој Новогодишен фестивал и базар!
Новогодишниот фестивал ќе се одржи на 25, 26 и 27 декември, секој ден од 17:00 до 21:30 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Ресторан „Златна Москва“ во Св. Николе.
На фестивалот ќе биде организиран и новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и традиционални македонски специјалитети.
Освен базарот, за секој ден од Новогодишниот фестивал има предвидено културно-забавна програма, која ќе биде интересна за сите возрасни категории.
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ШТАНДОВИ: https://msu.edu.mk/bazar2018/
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата