Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров и Советот на млади на Општина Делчево ве покануваат на премиерата на филмот Исцелител.
По прикажувањето на 50 светски фестивали, македонскиот филм „Исцелител“ ќе ја има својата премиера во Делчево во четврток и петок во 19 часот.
Проекцијата ќе се одржи во Кино салата на
При Центарот за култура.
По повеќе од 3 години ова ќе биде прва филмска проекција во киното во Делчево.
„Исцелител“ од својата премиера во ноември 2018 досега, се прикажуваше на 50 фестивали ширум светот, од кои три беа од А категорија. Филмот освои 15 меѓународни награди, меѓу кои 5 беа за најдобар филм. „Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот. Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД; Бергамо Филм Митинг, Италија; Филмскиот фестивал во Обањ, Франција и на фестивалот Let’s CEE во Виена.
„Исцелител“ беше прикажан на три филмски фестивали во САД, исто толку во Индија, на најголемиот фестивал во Иран, на двата најголеми фестивали во Кина, на фестивал во Колумбија, на престижниот „Црни ноќи“ во Естонија и на многу други европски филмски фестивали.
За филмот бравурозни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и „Variety“, „Holywood Reporter“, „Screen Daly“ и „Senses of Cinema“, но и значајни балкански и македонски списанија.
Во текот на изминатите месеци повеќе од 23.500 гледачи го погледнаа „Исцелител“ во 26 градови низ Македонија. На 6-ти јуни, во градскиот парк во Скопје, филмот ја имаше досега најмасовната проекција на отворено во Македонијаповеќе од 9000 посетители.
Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.
КАРТИТЕ СЕ ВО ПРЕДПРОДАЖБА ПО ЦЕНА ОД 50 ДЕНАРИ ВО ВАЛИУМ КАФЕ И SKY КАФЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево
Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко