На денешен ден пред две години за првпат во јавноста официјално беше обзнанета Тиранската платформа. Со заедничка фотографија на лидерите на позначајните политички партии од Република Македонија со Премиерот на Албанија Еди Рама во Тирана го најавија она што потоа како процес се пренесе во Македонија за имплементација низ работата на Парламентот и Владата.
Платформата стана основа за преговори за обезбедување на парламентарно мнозинство за создавање на малцинската влада со СДСМ.
Против имплементацијата на оваа платформа беа започнати масовни протести на иницијативата “За заедничка Македонија” во цела држава, кои завршија катастрофално со настаните на 27-ми април во Собранието, кога на насилен начин беше поставен нов претседател на Собранието без конкретно утврден број на пратеници кои гласале за изборот.
После оваа платформа Македонија не е иста како порано.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА