Денеска и утре на 18-ти и 19-ти јуни 2024 година, во хотел Сириус, Струмица со почеток во 9:30 часот, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој ќе се одржи вториот Национален рурален парламент.
На настанот ќе се обратат Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставник од Општина Струмица, Кристофер Доџ, в.д. Директор на УСАИД Канцеларијата за економски развој, Бобан Илиќ, Генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа и Карин Рау, Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Вториот национален рурален парламент ќе спои повеќе од 80-тина претставници граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор за да се креираат препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот. Препораките ќе служат како основа за градење политики на локално и регионално ниво насочени кон долгорочно позитивно влијание за сите жители на овие заедници. Истовремено, руралниот парламент ќе обезбеди основа за размена на искуства меѓу организациите од руралните средини во земјата, меѓународните организации и експерти кои работат во истата област.
Целта на овој настан е да се унапреди националната платформа на рурални граѓански организации, локални акциски групи и земјоделски здруженија, која ќе продолжи уште позасилено да комуницира со локалната и националната власт во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој.
Преку вакви активности, УСАИД придонесува кон вклучување и дискусија помеѓу руралното население и креаторите на политики со цел подобрување на руралните политики и адресирање предизвици поврзани со руралниот развој. Вториот национален рурален парламент е организиран во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот