БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КАЗНИ ДО 30.000 ЕВРА: Од недела почнува ловната сезона, казните за криволов драконски!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Согласно позитивните законски одредби во нашето законодавство правни и физички лица кои ќе нанесат штета на дивечот со бесправен лов или на друг начин, се должни штетата да му ја надоместат на концесионерот на дивечот во ловиштето. Висината на надоместокот на штетата се утврдува според ценовник што го донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според ценовникот најголемата казна во парична вредност се плаќа за криволов на рисот а такво противзаконско дело ќе ве чини 30.000 евра.

Од недела почнува официјалната ловна сезона за лов на дива свиња, срна како и за младенчиња – едногодишни и двегодишни од срна, муфлон женски и младенчиња-едногодишни и двегодишни од муфлон и дивокоза заедно со младенчиња – едногодишни и двегодишни од дивокоза. Крај на ловостојот се утврдува и за лов на фазан.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според ценовникот, доколку бидете фатени во криволов на дива свиња (нерез) ќе треба да платите казна од 3000 евра, додека за дива свиња – женка, казната изнесува 1.500 евра.

Казната за криволов на срна изнесува 2.500 додека дупло поголема е казната односно 5.000 евра за машка срна – срндак. 1.000 евра е казната за криволов на младо срнче до една година.

Криволовот на женскиот муфлон ќе ве чини 3.500 евра додека за машкиот 7.000 евра.

Исто толку, односно 7.000 евра ќе платите казна за криволов на дивокоза, додека „најевтина“ казна е пропишана за лов на фазан – 100 евра.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace