Со цел Меѓународниот ден на жената, во музејот „Теракота“ во Виница е отворена првата самостојна изложба на филигрански дела „Благослов“, изработени од виничанката Билјана Анакиева. Изложени се четириесетина изработки од сребрена срма и бакарна жица, а инспирацијата ја пронашла во неисцрпното македонско културно и духовно богатство.
–Уметноста за која е потребно големо трпение, упорност и љубов, ме интересираше отсекогаш и копнеев за убава изработка. По иницијатива и со поддршка од сопругот, кај мене се разбуди скриениот творечки код, почнав сама да истражувам и да создавам креации, кои досега прераснаа во збирка од осумдесетина филигрански изработки. Идеите за темите на кои творам потекнуваат од македонската традиција, која е мелем за душата и вистински благослов, затоа што филигранот не може да се работи ако не ги обземе и срцето и душат,
– изјави Анакиева.
Изложбата „Благослов“ ќе биде отворена десетина дена, а посетителите можат да изберат уметнички филигран како уникатен осмомартовски подарок или за својата домашна колекција.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа