Со секоја нова песна со секој нов спот, летвичката за стандарди на Македонската современа музика е покрената за степен погоре од страна на неповторливиот и бесценет Лозано.
Најновиот стандард за емоција, чувства, лирика, милозвучност, модерност и тренди иновација е песната “МАЈКО” на миленикот на Македонската музичка сцена Влатко Лозаноски.
Во песната со печалбарскка тематика Влатко пее за нераскинливата врска на младиот Македонец кој заминува во туѓина во потрага по својата егзистенција, оставајќи ја дома својата мајка сама да го чека. Ова е секогаш актуелна тема за Македонското поднебје, но актуелно во денешно време се чини една од најболните теми на Македонското општество.
Песната буди најдлабоки емоции и грутка горчина за суровата реалност со која живее секој возрасен Македонец во поодминати години кој има некое чедо отселено во странство.

Како и секогаш Лозано целата оваа приказна ја има спакувано во модерна изведба со силен милозвучен глас кој го карактеризира овој уметник.
Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски а за приказната во текстот се погрижи Магдалена Цветкоска – Ена.
Снимањето на аудио записот за песнава е направено во студиото на “LCV Production”.
Раскошниот видео спот е во режија на Даниел Јовески.
Оваа песна е совршена најава за досега најголемиот самостоен концерт на Влатко Лозаноски кој ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски на 23-ти март со почеток во 20.30 часот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме Изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови
Алиу во „Само Интервју“: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање
Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет