Во изјава за грчката државна новинска агенција министерката по посетата на Македонија над сите други изјави ја потенцира изјавата на Димитров според која тој разјаснил дека согласно членот 7 и духот на Преспанскиот договор македонскиот јазик кој го говорат граѓаните на Македонија и неговите дијалекти немаат никаква врска со идиомите што ги говорат грчките Македонци.
Ние ја поздравуваме изјавата на Димитров затоа што таа става крај на било каков страв за непостоечки проблеми кои би се создале од јазикот кој ние го признавме пред децении,
вели грчката министерка.
Потеклото на министерот Димитров е од Егејска Македонија каде стотина илјади луѓе говорат македонски јазик кој што Грција одбива да го признае, исто како и македонското малцинство кое Атина го нарекува словенско но одбива да му даде било какви права.
Македонскиот јазик за кој Атина вели дека е идиом на грчкиот јазик а кој е речиси идентичен со македонскиот јазик со изјавата на Димитров веќе не е признаен ниту од владата во Македонија.
Извор: Денешен.мк


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија