БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И покрај полициската стража, депонијата во Кочани пак продолжува да чади, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани продолжува да ја алармира јавноста за отровниот чад кој се емитира во воздухот од ѓубриштето на Градската депонија во Кочани.

Овојпат со малку бизарни информации, повеќе на сатиричен начин дека полицијата ја чува депонијата додека таа чади.

Веројатно полицијата е поставена на депонијата да обезбеди влегување на неовластени лица за да не предизвикуваат дополнителни пожери, но фактот дека не е спречен отровниот чад да се емитира во воздухот за околните населби (пред се селото Бали) е особено поразителен.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на опозициската партија пренесена преку социјалните мрежи:

Скандал! Полицијата ја чува депонијата од очите на јавноста! Екипа од Центарот за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ која сакаше да ја провери веродостојноста на снимките во кои се гледа дека депонијата чади неконтролирано-беше избркана од депонијата со полиција!

Ја превземаш општината, не те бива, добиваш титула најзагаден град-депонијата ти гори секој ден ама ти викаш полиција за да го скриеш ”вулканот” над Кочани!
Ова е логиката по која се води Општината и нејзините први луѓе!

Општината и КЈП очигледно дека немаат капацитет да го сопрат загадувањето на Кочани, па повикуваат полиција кога опозицијата сака да ја информира јавноста за вистинскиот извор на загадувањето во Кочани!

Откако полиција ги “избрка” оние кои снимаат, депонијата продолжила да чади!

Ова е бизарен и срамен случај!

-се вели во реакцијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот