БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еден голем и неколку помали пожари за викендот во Делчево. Апел за внимателно однесување во природа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на изминатиот викенд во делчевско беа евидентирани неколку помали пожари и еден голем шумски пожар нпредизвикани главно од човечко невнимание.

Поголем шумски пожар беше забележан вчера (недела) после пладне во атарот на село Тработивиште покрај реката Желевица каде беше запалена сува трева која се закануваше да зафати поголем дел на борова и останата листопадна шума.

Навремената реакција на надлежната ТПП Делчево-служба овозможи брзо локализирање на пожарот и негово ставање под контрола во доцните вечерни часови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во текот на саботата беа евидентирани неколку помали пожари во атарот на село Вирче а во текот на вчерашниот ден истотака беше забележан помал пожар во село Град.

Причинители на ваквите пожари најверојатно се невнимателни и несовесни граѓани кои вршеле чистење и подготовка на своите имоти за годинешнава сезона.

Во тек се подготовки за обработка на земјоделски површини ширум Брегалничкиот регион, вклучително и Пијанечката котлина, со што дел од земјоделците ги палат минатогодишните стрништа, меѓи обраснати со сува трева и останата вегетација. Ваквата пракса е забранета токму поради причините за појава на неконтролираното ширење на оганот, во услови на ветер и суво време.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace