БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Парадокс на Македонското судство. Казна за учество во терористичката организација ИСИС со 6-9 години затвор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера во Кривичниот суд во Скопје на затворска казна од 6 до 9 години беа осудени македонски државјани кои биле дел од паравоената формација на ИСИС.

Станува збор за Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски кои на минатото рочиште го признаа делото за кое беа обвинети

“Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација”

-соопштува Лидер.мк.

Парадоксот на ваквата одлука на судските власти доаѓа до израз ако се земе одлуката од пред една недела со која на казна затвор беа осудени 16 Македонци на вкупна казна од 211 години затвор поради терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија.

Довербата на граѓаните во судските органи сериозно е разнишана поради ваквите парадоксални пресуди на доделување на казни затвор, кои имаат длабока генеза во годините наназад на практикување на судска пракса во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Она што загрижува е фактот што лица кои беа осудени со драконски казни својот живот го поминаа во македонската безбедносна служба бранејќи ја Република Македонија и нејзината безбедност, додека пак лицата кои учествувале во терористичка организација ИСИС позната во целиот свет која делува со метод на свирепо и брутално убивање се осудени на минимални казни.

-известува Лидер.мк.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace