Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова освои 40,6% од гласовите и е во блага предност пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски кој освои 36,9%.
Анкетирани беа 8388 лица, а анкетата беше спроведена на 15 веб-странци.
Според добиените податоци, над 66% од одговорите ги дале мажи, а приближно 33% биле жени. Анкетата стартуваше на 12 март, а траеше до 12 часот и траеше 24 часа.
Најголем дел од одговорите се добиени преку мобилен телефон (85%), а помал процент (14,7) преку компјутер. Најголем дел од одговорите ги дале лица на возраст меѓу 25 и 34 години.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист