“Денеска на Комисија за финансирање и буџет, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе предложат зголемување на платите на сите припадници на АРМ за 10%.
Кога имате инфлација од 20% тоа значи дека вашата плата што останала непроменета, изгубила 1/5 од вредноста.
Во 2022 на припадниците на МВР платата им се зголеми само за 5%.
Тоа значи дека при инфлација од 20%, со раст на плата од 5%, во реалноста имаме НАМАЛУВАЊЕ на платата за 15%.
Бидејќи оваа власт поради својата алчност и забеганост ни ја донесе најголемата инфлација во регионот, предлагаме да колку-толку се надомести изгубеното кај луѓето во униформа кои поради неспособноста и корумпираноста на нивното раководство секојдневно се незаштитени и се изложени на напади, понижувања и омаловажувања.
ВМРО-ДПМНЕ високо ја вреднува ангажираноста на луѓето во униформа кои се грижат за безбедноста на нашите граѓани.
За покачувањето на платите очекуваме поддршка и од СДС и другите партии во Собранието.
*Ако има пари за морски плодови, ајкули, китови и делфини за оние од Илинденска, тогаш мора да има и за полицајците.”
-фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена