БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нарушена безбедност од бандитите на власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција од пред седиштето на МВР во Скопје, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски изнесе информации за нанесување на телесна повреда на полициски службеник, извршено од страна на син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во скопското село Марино.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски:

МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното.

Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе.

Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта.

Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба.

Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа са му извадат еден бубрег и слезина.

Луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.

Ова е вистински одраз на хаосот што владее во Македонија. Веќе никој не е безбеден од овие бандити на власт.

Убијци и криминалци се шетаат на слобода, додека патриоти и невини граѓани лежат во затвор.

Убиецот на младиот Мартин Јанушев не е затворен и две години по бруталната егзекуција. Не се во затвор ниту убијците кои на Рузвелтова, среде Скопје стрелаа со калашникови и одзедоа два човечки живота.

Со Заев, Спасовски и Пендаровски загрозени се животите на сите граѓани. Сигурни се единствено криминалците. Со Заев Спасовски и Пендаровски Македонија оди назад, а Скопје наликува на Белград од 90-тите години.

Ова безредието мора да запре. Граѓаните заслужуваат и имаат право да бидат безбедни. Власта која е неспособна треба час поскоро да си замине.

-изјави Ѓорѓиевски

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace