Работни тимови на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден продолжи со теренските посети. Тимот на партијата предводен од членот на ИК, Димитар Димовски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ги посети виничките села Градец и Истибања.
На средбите со жителите на овие места беше посочено дека пречи неправдата, осиромашувањето и продажбата на националните и државни интереси од страна на власта на СДСМ.
Граѓаните од виничко се категорични дека се против сите лаги на СДСМ и Заев, против криминалите и корупцијата на власта. Велат додека тие секој ден се повеќе осиромашуваат семејствата на власта се вработуваат во државни институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека овој народ заслужува подобра и посигурна иднина за себе и своите деца, тие заслужуваат да имаат работа во Македонија, а не да ги напуштаат своите огништа во странство во потрага по подобар живот.
Затоа беше констатирано дека неопходна е победа на прво на претседателските избори, а веднаш потоа и на неизбежните предвремени парламентарни избори на кои граѓаните жестоко ќе ги поразат Зоран Заев и СДСМ и ќе ги донесат промените во Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово