БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димитар Димовски и Никола Мицевски на средби со жителите на Општина Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Работни тимови на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден продолжи со теренските посети. Тимот на партијата  предводен од членот на ИК, Димитар Димовски  и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ги посети виничките села Градец и Истибања.

На средбите со жителите на овие места беше посочено  дека пречи неправдата, осиромашувањето и продажбата на националните и државни интереси од страна на власта на СДСМ.

Граѓаните од виничко се категорични дека се против сите лаги на СДСМ и Заев, против криминалите и корупцијата на власта. Велат додека тие секој ден се повеќе осиромашуваат семејствата на власта се вработуваат во државни институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека овој народ заслужува подобра и посигурна иднина за себе и своите деца, тие заслужуваат да имаат работа во Македонија, а не да ги напуштаат своите огништа во странство во потрага по подобар живот.

Затоа беше констатирано дека неопходна е победа на прво на претседателските избори, а веднаш потоа и на неизбежните предвремени парламентарни избори на кои граѓаните жестоко ќе ги  поразат Зоран Заев и  СДСМ и ќе ги донесат промените во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace