Донација од душези, постелнини, ќебиња, хигиенски пакети, пакети со облека, прехрамбени пакети и кујнска опрема, денеска пристигна, од Републички црвен крст- Општинска организација Берово, за семејството Мирчовски, од с. Русиново чија куќа пред неколку дена, до темел, изгоре во пожар.
Волонтерите на Црвен крст, од ООУ ,,Никола Петров Русински’’ од с. Русиново, во изминатите денови, одеа од врата на врата и собраа парични средства во износ од 101.000,00 денари кои му беа врачени на семејството.

Соработката на сите акции за помош на семејството, е поддржана од Општина Берово.
Опожарените остатоци, се расчистени и наскоро семејството ќе започне со градење.
Извор: Општина Берово

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга