Следниве неколку денови Општина Чашка ја посетија гости, наставници и ученици од четири држави Италија, Полска, Бугарија и Романија во рамките на проектот Еразмус +.
На гости се пристигнати 12 ученика и 12 ментори.
– Ние сме шест партнери од пет држави, бидејќи Чашка и Лозово се од Македонија. Драго ни е што сме тука и можеме да се запознаеме со убавините на Вашата општина. Во општината има и мулти етничка интеграција, за што сме посебно заинтересирани.
Сакаме да видиме како различните култури се мешаат. Правиме споредба со нашиот образовен систем и да го подобриме истиот – изјави Елена Софика Димитрашку координатор на проектот од Романија. Учениците беа во посета и на грнчарска работилница, каде самите пробаа да изработат некој глинен производ.
– пишува Петар Печков

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене