Нема човек од Македонија кој не слушнал за Лесново и Лесновски манастир. Но ако овие денови го посетите ова место ќе бидете дел од прекрасните дела работени во рамките на 27-та ликовна колонија “Лесново 2019“. Делата живописно и автентично преку 16 ликовни цртежи работени во акрил и масло на платно будат инспирација за посета на овој регион кој покрај природна, има и своја духовна убавина… .“Оваа ликовна колонија се оддржа од 27 јуни-1-ви јули, и на истата имаше 16 уметници од Англија, Русија, Македонија, Србија и Бугарија. Делата се работени во акрил и масло на платно. Мотивите се од Лесново и целото карпесто опкружување, преку своите дела го анимираат овој наш културен регион, а од колонијата произлегоа околу 30-на дела кои ги изложуваме во сите центри и домови на култура во РМ“
– истакна Марија Трајчева, директор на Дом на култура “Злетовски рудар“ од Пробиштип.
Ова изложба во фоајето на Домот на културата “Тошо Арсов“ ќе биде отворена десетина дена, а на репертоарот на оваа институција веќе во сабота е сатиричната претстава “Го силувавме ежот“ чии автор е Марјан Анѓеловски, и картите веќе се пуштени во продажба.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
39 годишен управител на фирма измамен за над 145 илјади долари од страна на фирма од Тајланд
Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за двајца обвинети
Лишено лице од демирхисарско за предизвикување на општа опасност