Од фејсбук страницата БЕРОВО-МЕТРОПОЛА објавија фотографии на кои се гледа партискиот штаб на СДСМ ОО Пехчево затворен без било какви активности околу него да се реализираат.
Бевме во посета на Штабот на СДСМ – ПЕХЧЕВО, само неколку дена пред изборите и е затворен. Дали тоа значи дека се сигурни во победа?
-пишува БЕРОВО-МЕТРОПОЛА.
Од останатите објави на оваа фејсбук страница може да се забележи дека е голем поддржувач на Стево Пендаровски и Зоран Заев, па веројатно ваквата објава е со цел да ги мотивираат пасивните активисти на СДСМ од Пехчево да почнат малку по активно да работат за кампањата на Стево Пендаровски.
Добро информирани извори и познавачи на состојбите во Пехчево и Берово укажуваат на меѓусебен ривалитет меѓу општинските организации на СДСМ во овие две општини па оттука ваквата саркастична објава може да се препише на ваквото политичко делување на беровскиот огранок на СДСМ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“
Ј А В Е Н П О В И К за избор на здружение на граѓани за дообразување на возрасни без завршено основно образование во Кочани
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани