Предизборниот караван на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во текот на утрешниот ден ќе ги посети општините Зрновци, Виница, Македонска Каменица и Кочани.
Во Македонска Каменица ќе присуствува во 15.30 часот на средби со граѓаните, во Зрновци ќе биде во 17.00 часот, додека во 18.00 своја трибина ќе одржи во Виница на централниот плоштад Ангел Винички.
За Кочани е резервиран централниот настан на денот со што во 20.00 часот Стево Пендаровски ќе одржи митинг во центарот на градот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп