Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати пред граѓаните во Прилеп.
Во еуфорична атмосфера која доликува на непобедениот Прилеп, Професорката Гордана Силјановска Давкова ги истакна своите програмски определби за кои ќе се залага како Претседател на Република Македонија.
Сиљановска Давкова вети дека ќе се раководи на Уставот и законите, ќе го остави судот да суди и нема никој да се меша во судската власт. Но додека премиерот е претседател на Советот на судски реформи право и правда нема да има.
Правото и правдата, законите и Уставот постојат за граѓаните. Не за да се декларираме пред ЕУ дека имаме Устав и закони. Но правото и правдата кога ги нема во реалноста, Уставот и законите се обичен декор. Ние тоа сметаме дека не е доволно, ние ќе сториме се за да ги оживотвориме, за да ги примениме, за сите да бидеме еднакви пред нив, да нема политички реваншизам, да нема селективна правда, да има владеење на правото. А, не владеење на една група олигарси кои го користат Преспанскиот договор и ја користат спогодбата со Бугарија за да станат побогати. Се разбира дека тоа е нивното алиби, никогаш не го зголемила како сега сопственото богатство,
-посочи Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова потсети дека откако оваа власт е тука секој ден има енормни скандали што ја тресат државата. Невидена корупција, криминал, клиентелизам, непотизам, и Македонија стана најскандалозната земја во Европа.

Нели минатата година ова власт го прославија почетокот на преговорите со ЕУ. Годинава само требаше да дојде јуни и ние да ги почнеме преговорите. Ама сега од ЕУ доаѓаат гласови дека е потребна подготвителна фаза. За што подготвителна фаза? Можеби знаете што е најлесно? Како што го ставија знамето на НАТО пред да влеземе во НАТО, можеби ќе доживееме и за инспирација на ЕУ, да го истакнат и знамето на ЕУ, за да има за што да слават,
Повикуваме на правото и правдата во Македонија, за Македонија, за македонскиот народ, за другите припадници на народите, за граѓаните и граѓанките во Македонија. Владејачката структура го злоупотребува правото, таа го злоупотребува правото кршејќи ги нашите права. И затоа ние ќе ставиме крај на таа династија, нагласи Сиљановска Давкова.
-нагласи меѓу другото Професорката Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова вети на граѓаните во Прилеп дека како претседателка ќе стори се за нивното добро. Вети дека ќе биде своја во мислата, во стратегијата, во методологијата, во оригиналноста. Редно е Македонија ако е наша татковина да има мајка на чело на државата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот