БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ ги донесе граѓаните на просјачки стап, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ од Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја обвинија власта предводена од СДСМ дека ги донела граѓанитњ на питачки стап.

Целата прес конференција на Љубе Здравков, кој што е член на во Советот на Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваме во целост во продолжение:

СДСМ во изминативе три години не‘ донесе на просјачки стап. Цените растат со молскавична брзина, а платите и пензиите стагнираат со години. Станува јасно дека ветувањата за 500 евра просечна плата за граѓаните, беа слатки зборови, со кои премиерот манипулираше со сиромашното население.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ценовниот шок што пристигна вчера со покачувањето на цената на горивата, предизвика дестабилизација на потрошувачката кошничка. Не само што порасна цената на горивата за 3,21% во малопродажба, туку следствено на тоа ќе се зголемат и трошоците за живот на граѓаните.

Потрошувачката кошничка на граѓаните во Македонија во 2019 година изнесува 32 761, а минималната плата е 12.000 денари, тоа значи дека најголем број од семејствата во Македонија живеат на работ од сиромаштија. Ова значи дека една семејство со двајца вработени, не може да го преживее месецот без дупка во буџетот.

И додека граѓаните се борат за корка леб, додека 500.000 граѓани во државава се водат како сиромашни и додека младите се иселуваат, премиерот не нуди решенија за подобрување на состојбата, туку преку ноќ ги качува цените најпрво на горивата, а потоа и на се‘ останато.

Почитувани,

Оваа Влада доби шанса од народот. Но, таа шанса ја искористи за да доосиромашување на населението и до зголемување на богатството на веќе богатите.

Горивата се само почеток на она што ќе следи во иднина.

А тоа, се разбира не се 500 евра месечно на сметката на секој вработен!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace