Денеска попладне во Општинската изборна комисија во Делчево пристигна и беше примен доверливиот избирачки материјал од Државната изборна комисија.
Од страна на стручната служба на Државната изборна комисија беше подготвен записник за примопредавање.
Во единствениот избирачки список на ДИК во Делчево вкупно право на глас имаат 14.673 избирачи со право на глас кои ќе гласаат на вкупно 36 избирачки места на претседателските избори,
-соопшти Владимир Петровски од Општинската изборна комисија во Делчево.

Во сабота на 20 април ќе гласаат болните и изнемоштени лица. Од вкупно пристигнати 211 пријави за гласање на болни и изнемоштени лица 19 се одбиени според критериумите на ДИК додека останатите 192 ќе можат своето право на глас да го остварат во саботата.
Од ОИК Делчево се надеваат на мирни, фер и демократски успешни претседателски избори со што граѓаните на Длечево и целата држава ќе можат да го остварат своето право на глас.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница