БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали бизнис интересот на фамилијата Бочварски е над интересите на граѓаните на Општина Штип, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера во изјава за медиумите од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа на малата реализација на капитални проекти од страна на Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Дополнително и она малку што го има реализирано градоначалникот, според ВМРО-ДПМНЕ е во функција на бизнис интересот на фамилијата Бочварски.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Санела Петрова од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Подолг период се поставува прашањето: дали бизнис интересот на фамилијата Бочварски е над интересите на граѓаните на Општина Штип?

Се наоѓаме на местото, каде Градоначалникот го реализираше најголемиот капитален проект во изминативе две години – проширување на уличка со широчина од два метри. Гледаме дека најголем приоритет во градот е малата уличка која води директно до станбената зграда, градена од семејната компанија Пелагонија, па изгледа затоа тоа е единствениот проект кој се направи изминатиов период.

И додека Градоначалникот се фали со минорно проширување на споредна уличка, градот тоне во проблеми. Урбани населби немаат пристапни патишта, вода за пиење, улично осветлување, а во руралните пак, очајните жители газатво кал.

Почитувани сограѓани,Картите се веќе отворени!Ако прво мислевме дека нема идеја и визија за развој на градот, веќе дознавме.Човекот кој ја води општината има само еден приоритет – утврдување на личните позиции и унапредување на капиталот!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace