Патриотизмот не е флоскула која служи за политички профит!
Патриотизмот не е приказна за гладен народ како ќе го подобриме животот и егзистенцијата.
Патриотизмот не е идеологија зад која се кријат неспособните, неработните и профитерите.
Патриотизмот е најдлабокото индивидуално (интимно) чувство кое го поседува човекот кон духовното, културното, историското и сите други вредности произлезени од определен етно-географски простор, окарактеризиран како сопствена татковина.
Патриотизмот е сила која обезбедува континуитет и стабилност!
Патриотизмот е стабилен темел на заедништво низ кое ќе доживеат свој цут индивидуалните специфики на секој поединец.
Патриотското чувство извира од срцето, тоа не се учи, не се повторува за да се запамети, тоа е состојба на свесност и генетски код со кој се раѓаш, со кој живееш и умираш.
Ако си еден од тие луѓе , со таков ген, ќе живееш за националните интереси на својата татковина, без оглед на верската, политичката или било која друга определба на која си наклонет како поединец.
Од друга страна идеологијата претставува сет на докажани принципи во кои е содржана мудроста на времето изминато низ историјата на еден национален ентитет. Таа мудрост, може да се надградува, преиспитува, редефинира но на подолг временски период кој се мери во децении, столетија па и векови.
Моите чувства и идеали растат, а вредностите треба да се зголемуваат без да се нанесе штета врз другите национални идентификации, а приоритетно врз сопствениот.
Сигурно кај голем дел од Вас, почитувани читатели овие термини звучат апстрактно а можеби и непотребно, во услови на секојдневна егзистенција и трка во животот.
Но, секоја приказна има свој почеток, заплет, кулминација, расплет и крај… Животот не е мозаик на денови кои ви се дадени и вие по секоја цена треба да го наредите. Што ќе стане ако на Вашиот мозаик некој друг нареди свој мозаик и со тоа ќе ги искрши твоите парчиња на толку ситни делови што твојот мозаик ќе се претвори во вчерашна прашина?
И барем за момент помислете на онаа нај-несфатената , онаа напатената …Македонија.
Помислете на енормното судбинско минато на нашиот напатен народ. Народ со голема длабочина и човекољубие. Македонскиот народ, неговиот народен гениј, откако постои и знае за себе, пее за минатото, за судбината своја и за татковината.
Горд сум што сум Македонец, но истовремено мотивиран. Се чуствувам обдарен со некаква чудна видовитост, бидејќи оние реалните човекови вистини се правите вистини кое ги носи срцето, а тој видик е безмерен и племенит, и едноставно извира од мене и не може да се сопре.
Им се воодушевувам на оние луѓе кои го поминале својот живот во туѓа земја, а не изгубиле ни мал дел од љубовта кон родната Македонија, напротив се трудат да допринесат за нејзино “напред” и ”убаво”!
Не верувам во потребата на една земја да поседува силни луѓе, туку верувам во силните и цврсти принципи кои се би надминале. Силните и ‘моќни’ луѓе бараат само сервилен народ , но принципите се оние кои се борат за цврстите закони и институции кои се единствениот водич кон стабилност и напредок. Го разбирам не-присуството на осет за уметност, пишан збор, градежништво, спорт и слично, но нема поголема несреќа од гнилата бездна каде треба да се вгнездени вербата и патриотизмот, а ги немаш!
Борејќи се за иднината на својата земја никогаш нема да бидеш сам и безнадежен, бидејќи ќе се храниш со колективниот дух на својот народ, со кој делиш минато, историја, среќи и несреќи, победи и порази, морал, принципи и идеали. Среќен сум што ја чуствувам таа врела љубов кон една народна традиција и мајчин Македонски јазик.
Националниот идентитет е нераскинлив дел од нашиот личен идентитет. Кога го губиме националното чувство на припадност, губиме дел и од сликата за самите себе, и цврсто сум убеден во тежината на овој факт!
Мојата Република Македонија е непресушна инспирација за секоја генерација Македонци било каде и да живеат во светот. Додека не си го прифатиш својот сопствен народ, идентитет и јазик, не можеш да ги прифатиш ни другите.
Патриотот не мора да е војник, политичар, државен службеник, аналитичар, магистер или доктор на науки… доволно е да има љубов и преданост кон својата земја, и кон својот народ.
Се прашувам…
Може ли да се измери националната гордост? И како Македонците би се соочиле со овој поим. Манифестирањето на патриотизмот може да биде различно, зависно кој и што го инспирира за својата земја. Постојат луѓе кои се наежуваат на собирање на јавни места и веење на националните знамиња, луѓе кои ги гледаш само на мирни демонстрации, спортски настани зачинети со боење на лица со бои на националното знаме, создавање на песни, книги, текстови и многу други начини.
Борбата е една, но се води на различен начин , таа не се запира, не се потиснува, не трпи пасивност, не трпи себичност… постојат многу методи, начини, мерки, искажување, но заедничкото за сите нас е огромната љубов, посветеност, лојалноста пред се кон самиот себеси и Татковината… вербата кон подобро утре и Благосостојбата на мојата земја Македонска!
Додека дише и последниот Македонец…
Нека е вечна!!!
Пишува: Рееволуционер


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност