Во организација на Пинг-Понгарска Федерација на Македонија, во Берово се оддржа Државното првенство во пинг-понг, за најдобрите 8 кадети, во машка и женска конкуренција. Домаќин на првенството е Пингпонгарскиот клуб Берово, а учествуво земаа неколку клубови од земјата, кои покажаа најдобри резултати на досега одиграните Мастерс турнири. Оваа година државниот турнир во пинг понг, како еден од најдинамичните и најатрактивните спортови во светот, за првпат се одржува во Берово.
На турнирот присуствуваше и селекторот на кадетите Владимир Закич, кој истакна дека пинг-понгот како спорт има иднина, бидејки се поголем број млади се решаваат да тренираат, со што даваат огромен придонес во развојот на овој спорт.
Иако како клуб, се нови во овој спорт, сепак како што информираше претседателот на ППК ,,Берово” Јован Ковачовски , пингпонгарите доста солидно ја претставуваат општината во досегашните натревари. Пинг понгарски клуб Берово брои околу 20 членови од 7 до 18 години, и 10 возрасни кои интензивно тренираат во клубот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси