Промовирана е новата стихозбирка ” Исконски дарувања” од Божидар Јовиќ, во издание на издавачката куќа „Просветно дело”, и со поддршка на Клубот на писатели “Коста С.Рацин”.
Промоцијата се одржа во локалната библиотека Гоце Делчев, во Ликовниот салон, во присуство на голем број посетители вљубеници во пишаниот збор.
“Секој стих на Јовиќ претставува филозофска вистина која поетот му ја сервира на читателот со што го кани на размислување и видување”.
– Истакна Лила Арсова, книжевник од Велес која заедно со Јасмина Георѓиева е еден од промоторите на збирката.

Настанот беше збогатен со настап на ученик од музичкото училиште, а стихови од збирката читаа ученички и ученици од Гимназијата “Кочо Рацин”.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар