Поради се поголемото расположение на локалната власт во Делчево а садење цвеќиња низ градот, еве неколку предлози за места кои веројатно несакајќи ги пропуштиле.
- Дупките на улицата “Вера Јоциќ“
Оваа улица е една од најпогодните за возење доколку имате камен во бубрег, но е и многу погодна за одглдување на некои видови цвеќиња.
Многуте дупки што ги има може да се искористат за да се посади некој цвет, а исто така не мора да се грижите за наводнувањето бидејќи после секој дожд водата се задржува во дупките подолго време.
- Населбата “Ѕвегорска Река“
Скоро сите улици на оваа населба се неасфалтирани што значи дека може да се искористат за хортикулурно уредување. Така жителите на населбата додека се нервираат што си ги уништуваат обувките од калта, ќе гледаат во средените цвеќиња и тоа автоматски ќе има смирувачко дејство кај нив.
- Нема потреба од трет предлог и онака сите билки ви се засадени низ институциите…

Пишува: Разловчанка Македонска


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст