БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Разловчанка Македонска: ТОП ТРИ ЛОКАЦИИ ЗА САДЕЊЕ ЦВЕЌИЊА ВО ДЕЛЧЕВО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поради се поголемото расположение на локалната власт во Делчево а садење цвеќиња низ градот, еве неколку предлози за места кои веројатно несакајќи ги пропуштиле.

  • Дупките на улицата  “Вера Јоциќ“

Оваа улица е една од најпогодните за возење доколку имате камен во бубрег, но е и многу погодна за одглдување на некои видови цвеќиња.

Многуте дупки што ги има може да се искористат за да се посади некој цвет, а исто така не мора да се грижите за наводнувањето бидејќи после секој дожд водата се задржува во дупките подолго време.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  • Населбата “Ѕвегорска Река“

Скоро сите улици на оваа населба се неасфалтирани што значи дека може да се искористат за хортикулурно уредување. Така жителите на населбата додека се нервираат што си ги уништуваат обувките од калта, ќе гледаат во средените цвеќиња и тоа автоматски ќе има смирувачко дејство кај нив.

  • Нема потреба од трет предлог и онака сите билки ви се засадени низ институциите…

Пишува: Разловчанка Македонска

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace