„Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, во која што седеа.
И им се јавија разделени јазици како огнени, и застанаа по еден над секого од нив. И сите се исполнија со Свет Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им да ваше Светиот Дух да изговараат. Кога се чу тој шум, се собра многу народ и се’ се збрка, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик.
И сите се чудеа и немееја, велејќи си помеѓу себе: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? Па како тоа сите да си го слушаме својот роден јазик?“
… Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија