Денес извесни персони изјавија, а медиумите пренесоа, дека повеќе од с и г у р н о било дека до крајот на годинава Македонија ќе добиела датум за почеток на преговорите за прием во ЕУ.
Меѓутоа, додаваат, ќе морале да се исполнат и некои реформи.
Ако е така, ако е п о в е ќ е од сигурно дека до крајот на годинава ќе се добие датум, тогаш зошто би морале да се спроведуваат реформите? Доволно е уште малку да се почека, да се приближи крајот на годината и датумот за преговори, сам од себе, ќе си дојде.
Што да ви кажувам – чиста уживација. Си седиш, ништо не правиш и сè се средува само од себе.
Или, сепак, не е така?


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!