Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Клан дебата“ истакна дека единствено нешто кое што блеска во моментот во Република Македонија е корупцијата, катастрофалната економија, здравство, како и немање стратегија и реформи од страна на Владата на СДСМ и Заев.
Блескаме само во речникот на Зоран Заев. Инаку блескаме во корупција , таму сме некаде на врвот во Европа по корупција со уште една или две европски држави, кои што за жал и двете се Балкански. Блескаме по неуспесите на оваа влада, блескаме по катастрофалната економија, блескаме по катастрофалното здравство, блескаме по катастрофалното немање на реформи, немање на стратегија како оваа држава да се развива, вели Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации