БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од патриотско Љубанци: -Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во посета на селото Љубанци денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средби со жителите на ова село.

Во разговорите со жителите на селото тој упати повеќе политички пораки кои се однесуваат на деструктивното работење на Владата на Зоран Заев како и актуелната реконструкција на највисоката извршната власт со која Зоран Заев покрај функцијата премиер ке ја извршува и должноста на Министер за финансии..

Во продолжение го пренесуваме во целост неговoто обраќање до јавноста во врска со оваа посета:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес бев во патриотско Љубанци, во манастирот Св Јован.

Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии.

Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само сестеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето.

Бидејќи несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер. Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна.

Клучот на неуспесите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев.
Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази.

-напиша на фејсбук Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот